Меѓународен фудбал Фудбал

Првото „Ел Класико“ на Реал и Барса ќе биде за Родри!

Ла Лига сè уште не е започната, но најголемото шпанско дерби веќе се игра на трансфер-пазарот. Реал Мадрид и Барселона влегоа во директна битка за потписот на Родри, најдобриот фудбалер на неодамна завршеното Светско првенство и еден од најбараните играчи од средниот ред во моментов.

Откако Реал Мадрид ги започна преговорите со Манчестер Сити, во трката неочекувано се вклучи и Барселона. Каталонците сакаат да го искористи застојот во разговорите меѓу „кралевите“ и англискиот шампион, па веќе воспоставиле контакт со застапниците на шпанскиот репрезентативец за да ги испитаат условите за можен трансфер.

Договорот на Родри со Манчестер Сити влегува во завршна фаза. Иако „граѓаните“ примарно сакаат да го задржат во своите редови, во Англија се проценува дека клубот ќе го продаде доколку не дојде до потпишување нова соработка. Се претпоставува дека евентуалната сума за овој трансфер би изнесувала меѓу 60 и 80 милиони евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.