Други спортови Тенис

Првата тенисерка во светот искрена: Отидов на психијатар за да го пребродам Ролан Гарос!

Арина Сабаленка исклучително тешко ја поднесе елиминацијата во четвртото коло на овогодишниот Ролан Гарос. По шокантниот пораз од Дијана Шнајдер, најдобрата тенисерка во светот призна дека била емотивно и психички скршена, поради што морала да побара стручна помош од психијатар за да ја надмине кризата и да се подготви за остатокот од сезоната.

Сабаленка отворено раскажа дека доживеала огромно разочарување и дека ѝ требало доста време за да се опорави од овој тежок удар. Таа истакна дека постојано размислувала за тој натпревар, но благодарение на терапијата научила многу за себе, успеала да го остави неуспехот зад себе и сега се чувствува целосно подготвена за новите предизвици на теренот.

По овој тежок период и успешниот „рестарт“, првиот рекет во светот реши да се врати на тенисот на турнирот во Берлин, кој ќе ѝ послужи како главна подготовка за Вимблдон. Сабаленка додаде дека сега е максимално посветена на сезоната на трева каде што брка врвен резултат. Инаку, таа досега во кариерата никогаш нема играно во големото финале во Лондон, а најдобар дострел на англискиот гренд слем ѝ се трите полуфиналиња во 2021, 2023 и минатата година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.