Други спортови Тенис

Прва победа за Ѓоковиќ по речиси три месеци, го совлада Боржеш во Пекинг

Новак Ѓоковиќ со победа се врати на АТП турнејата по пауза од речиси три месеци. Најдобриот тенисер во историјата во првото коло од турнирот во Пекинг го совлада Португалецот Нуно Боржеш, запишувајќи ја својата 30-та јубилејна победа по ред на овој турнир.

Ова за Ѓоковиќ беше прв триумф уште од 7 јули, кога во четвртфиналето на Вимблдон го совлада Феликс Оже-Алијасим. Најтрофејниот тенисер на сите времиња мораше да се бори со проблеми со дишењето и падови во концентрацијата, но на искуство и ментална сила го скрши отпорот на 49-тиот тенисер во светот по речиси два часа борба.

Српскиот ас има совршена историја во кинеската престолнина, каде што се врати по пауза од 11 години. Во претходните шест настапи освои шест титули, без ниту еден претрпен пораз.

Во второто коло, Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со домашниот тенисер Бу Јунчаокете, кој доби специјална покана од организаторот и во првото коло го совлада Хуан Мануел Серундоло со 6:2, 5:7, 6:4.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.