Шпанскиот гигант Реал Мадрид и официјално го потврди своето прво големо засилување за новата ера. Марк Кукуреља (27) е нов член на „кралскиот клуб“ откако раководството на Мадриѓаните ја активираше неговата откупна клаузула од околу 50 милиони евра за да го доведе од редовите на Челси. Шпанскиот лев бек пристигнува на „Сантијаго Бернабеу“ како изречна желба на новиот стратег Жозе Мурињо, кој во него гледа совршено решение за дефанзивната линија.
Кукуреља стави потпис на долгорочен договор со важност до 30 јуни 2032 година, што е јасен показател дека клубот веднаш планира сериозна иднина со него на оваа позиција. Овој голем трансфер се финализираше во моменти кога дефанзивецот се наоѓа на подготовки со репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство, каде „фуријата“ пристигнува со статус на актуелен европски шампион.
Искусниот бек го напушта Лондон по четири години поминати во Премиер лигата. Челси во 2022 година го купи од Брајтон за 65 милиони евра, а оттогаш Кукуреља запиша 163 настапи, девет гола и 13 асистенции во синиот дрес. Со 24 натпревари за националниот тим зад себе, тој сега се враќа во татковината со мисија веднаш да донесе дополнителна цврстина во одбраната на „кралевите“.

