Македонски фудбал Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Против Словенија и Шкотска без Миовски, но со враќа Чурлинов

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го обелодени списокот на повикани фудбалери за последните два натпревари од Лигата на нации, во кои нашиот национален тим ќе ги одмери силите со Словенија на домашен терен и со Шкотска на гостувањето во Глазгов.

Најголемата промена и изненадување во однос на минатите собири е отсуството на офанзивецот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски. На негово место во нападот повик доби Марко Ѓорѓиевски од редовите на Шкендија. Во селекцијата се враќаат Дарко Чурлинов и искусниот Бобан Николов, додека националниот тим го чека тешка задача, да ја прекине негативната серија во 2026 година во која Македонија сè уште нема постигнато гол и нема запишано победа.

Списокот на повикани репрезентативци:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар)

Одбрана: Никола Серафимов (Левски, Бугарија), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Имран Фетаи (Динамо Букурешт, Романија)

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија)

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Марко Ѓорѓиевски (Шкендија), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум)

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.