Големото дерби од 8. коло во француската Лига 1 меѓу Пари Сен Жермен и Олимпик Лион нема да се одигра во предвидениот термин овој викенд. Париската полиција донесе одлука за одложување на пресметката поради најавените масовни протести кои се очекуваат во француската престолнина.
Натпреварот што првично требаше да се одигра во недела (25 октомври) од 20:45 часот на „Паркот на принцовите“, е префрлен за понеделник (26 октомври) со почеток од 20:30 часот.
Водството на лигата преку официјално соопштение потврди дека ја прифаќа наредбата на безбедносните органи.
„ЛФП го прифаќа решението на париската полиција со кое се забранува одржување на средбата меѓу Пари Сен Жермен и Олимпик Лион од осмото коло на ‘Лига 1 Мекдоналдс’ во недела од 20:45 часот. Во договор со ‘Лига 1+’, донесена е одлука мечот да биде пренасрочен за понеделник од 20:30 часот“, стои во официјалниот допис.
Дополнителен куриозитет е што новиот термин за ова дерби директно се преклопува со свечената церемонија за доделување на престижната „Златна топка“ за 2026 година.

