Кошарка Меѓународна кошарка

Пропадна планот за спас, Монако не доби лиценца за настап во ЛНБ

Кошаркарскиот клуб Монако се соочи со нов тежок удар, откако Жалбената комисија на Француската кошаркарска федерација повторно ја одби неговата жалба и му забрани настап во елитното домашно првенство. Иако во изминатите денови се чинеше дека е пронајдено решение преку инвестицискиот проект предводен од поранешната НБА ѕвезда Џамал Машбурн, планот пропадна бидејќи во предвидениот рок не била доставена целокупната потребна документација и банкарските гаранции.

Според француските медиуми, Федерацијата не добила потврда дека на сметката се обезбедени финансиските средства потребни за преземањето на клубот, поради што одлучила да не му издаде лиценца. Со ова Монако, кој во 2025 година беше вицешампион на Европа, се најде во исклучително тешка ситуација. Клубот веќе се соочува со сериозни финансиски проблеми, а голем број од најважните кошаркари, меѓу кои и Мајк Џејмс, веќе ја напуштија екипата. Според француските медиуми, иднината на клубот во моментов е крајно неизвесна.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.