Меѓународен фудбал Фудбал

Промена во последен момент… Пирло ја презема репрезентацијата на Италија?

Италијанската фудбалска репрезентација е пред назначување на нов селектор, а според медиумите од оваа земја, функцијата ќе му припадне на легендарниот Андреа Пирло. Се очекува во наредните денови двете страни да го официјализираат договорот, кој би важел до Светското првенство во 2030 година. Со тоа, поранешниот светски шампион ќе добие можност да ја предводи репрезентацијата во новиот квалификациски циклус и на големите натпреварувања што следуваат.

Пирло во моментов е тренер на Дубаи Јунајтед, а претходно ги водеше Јувентус, Сампдорија и турски Карагумрук. Во својата тренерска кариера веќе освои трофеи со Јувентус, триумфирајќи во Купот на Италија и Суперкупот. Како фудбалер остави неизбришлива трага во европскиот фудбал настапувајќи за Бреша, Интер, Милан и Јувентус, а со италијанската репрезентација го освои Светското првенство во 2006 година. Во својата богата кариера двапати ја освои и Лигата на шампионите, како и бројни домашни и меѓународни трофеи.

Доколку најавите се реализираат, Пирло ќе добие задача повторно да ја врати Италија во самиот врв на светскиот фудбал по разочарувачките резултати во последните години.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.