Меѓународен фудбал Фудбал

Продолжуваат маките за Тотенхем… (ВИДЕО)

Тотехнем пропушти златна прилика да побегне од дното на табелата, откако во драматична завршница ремизираше 2-2 против Брајтон и остана на загрижувачката 18. позиција во Премиер лигата. Тимот од Северен Лондон на двапати водеше преку Педро Поро и расположениот Чави Симонс, гостите покажаа карактер и двапати се враќаа во игра, прво преку Митома пред паузата, а потоа и со шокантниот погодок на Рутер во петтата минута од судиското продолжение.

Овој кикс дополнително ја отежнува ситуацијата за Тотенхем, кој сега заостанува зад директните ривали за опстанок, Вест Хем и Нотингем Форест, додека Брајтон со овој бод се зацврсти во средината на табелата. Херојскиот настап на гостинскиот голман Фербруген и упорноста на тимот, во финишот го казнија невниманието на одбраната на домаќините, оставајќи ги навивачите на Тотенхем во неверување по уште еден разочарувачки резултат сезонава.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести