Кошарка Меѓународна кошарка

Проблеми за Макаби, не може да го регистрира Јам Мадар за Евролигата!

Израелскиот кошаркарски гигант Макаби Тел Авив се соочува со неочекувана пречка пред почетокот на новата сезона во Евролигата. Имено, клубот сè уште не може да го регистрира плејмејкерот Јам Мадар, а причината е финансискиот спор што овој кошаркар го има со својот поранешен клуб, Хапоел Тел Авив.

За Мадар да добие право на настап во Евролигата, Хапоел мора официјално да испрати документ за раскин и потврда дека меѓу нив нема ненамирени финансиски побарувања. Тука настанал главниот застој, двете страни сè уште не можат да се договорат околу прецизната сума што клубот треба да му ја исплати на израелскиот репрезентативец. Интересно е што овој спор ја кочи неговата регистрација исклучиво во Евролигата, додека за настапите во домашното првенство нема никакви административни пречки.

Во обид што побрзо да се надмине кризата, во преговорите меѓу двете страни се вклучи и познатиот кошаркарски менаџер Мишко Ражнатовиќ, кој посредува за конечно затворање на случајот.

Времето го притиска Макаби бидејќи стручниот штаб сака комплетен ростер за старт на евролигашките предизвици, но позитивен сигнал за брз завршеток испрати и првиот човек на Хапоел, Став Шахам.

„Проблемот е многу блиску до конечно решение“, кратко изјави Шахам, најавувајќи дека сагата наскоро ќе добие официјален разврска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.