Меѓународен фудбал Фудбал

Проблеми за Интер во дефанзивата, Стоунс надвор од терените месец дена

Италијанскиот гигант Интер се соочува со сериозен проблем во дефанзивната линија на самиот почеток од новата сезона. Летното засилување од редовите на Манчестер Сити, англискиот репрезентативец Џон Стоунс, ќе мора да паузира околу еден месец поради повреда.

Искусниот 32-годишен дефанзивец се пожали на болки за време на голгетерското шоу против Удинезе (5:3) во рамките на 4-тото коло од Серија А. Денешните детални медицински прегледи во клиниката во Роцано го потврдија истегнувањето на мускулот на левата нога, по што веднаш му беше препорачано мирување.

Иако од миланскиот клуб не излегоа со официјално времетраење за процесот на рехабилитација, водечките медиуми на Апенините известуваат дека пред Стоунс е принудна пауза од околу четири недели. Ова носи дополнителна главоболка за предводникот Кристијан Киву, со оглед на тоа што англискиот стопер веднаш се воспостави како важна алка во неговите тактички замисли, запишувајќи четири меча од своето пристигнување на „Џузепе Меаца“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.