Кошарка Меѓународна кошарка

Проблеми за Денвер: Џулијан Стротер го пропушта почетокот на НБА сезоната (ВИДЕО)

Бекот на Денвер Нагетс, Џулијан Стротер, доживеа непријатна повреда на левото колено за време на подготвителниот натпревар против Лос Анџелес Клиперс, поради што ќе мора да паузира во воведниот дел од новата НБА сезона. 24-годишниот кошаркар се повреди при еден борбен обид да стигне до топка, кога неговата нога незгодно се подви под телото пред тој да падне на паркетот.

Иако првичните сцени изгледаа загрижувачки и бараа тој да биде изнесен од теренот, деталните медицински прегледи и магнетната резонанца донесоа барем какво-такво олеснување за тимот од Колорадо. Потврдено е дека Стротер ги избегнал најтешките оштетувања на лигаментите кои би значеле предвремен крај на сезоната пред таа и да започне, но според лекарскиот извештај, неговото закрепнување ќе трае најмалку шест недели.

Во најдобар можен развој на настаните, поранешниот студент од Универзитетот Гонзага би можел да се врати во тимот во текот на декември, иако не е исклучено неговото враќање на паркетот да биде одложено за почетокот на новата календарска година. Стротер беше избран од 29-тата позиција на драфтот во 2023 година и досега има одиграно 172 натпревари за франшизата од Денвер, со просечен ефект од 7,1 поен, 1,8 скока и 1,1 асистенција по меч.

Денвер Нагетс ја отвораат новата НБА кампања во ноќта меѓу четврток и петок од 03:30 часот, кога гостуваат кај актуелниот ривал Оклахома Сити Тандер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.