Меѓународен фудбал Фудбал

Проблем за Јувентус, Влаховиќ повторно се повреди!

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, повторно се соочи со проблем, откако веднаш по враќањето на теренот заработи нова, но полесна повреда на задната ложа за време на мечот со Џенова. Тренерот Лучано Спалети потврди дека станува збор за мускулно затегнување, како и дека сличен проблем има и голманот Матија Перин, па дополнителните прегледи ќе ја утврдат должината на паузата.

Според првичните информации, кај српскиот репрезентативец не станува збор за сериозна повреда, туку за лесно истегнување кое бара краток период на мирување и терапија. Сепак, ова доаѓа во незгоден момент за Јувентус, кој се бори за пласман во Лигата на шампионите и има голема потреба од својот напаѓач во финишот од сезоната.

Во меѓувреме, клубот е блиску до договор со Влаховиќ за продолжување на соработката до 2029 година, при што напаѓачот прифатил намалување на платата во замена за бонуси, додека неговиот учинок сезонава изнесува шест голови и две асистенции на 18 натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести