Стадионот „Рајко Митиќ“, попознат како Марaкана, се најде на второто место на листата на најзастрашувачки фудбалски стадиони во светот, според изборот на познатиот италијански спортски весник „Газета дело Спорт“. Пред домот на Црвена звезда се најде единствено легендарната „Ла Бомбонера“, стадионот на аргентинска Бока Јуниорс, додека зад белградскиот гигант останаа некои од најпознатите европски фудбалски арени.
Италијанците особено ја истакнуваат атмосферата на вечните дербија меѓу Црвена звезда и Партизан, нагласувајќи дека станува збор за едно од најинтензивните ривалства на европскиот континент. Покрај навивачката страст, во текстот се потсетува и на богатата историја на клубот, како и на генерацијата која во 1991 година ја освои титулата европски шампион. На третото место се најде „Де Кајп“ на Феенорд, пред стадионот на Галатасарај, додека шестата позиција му припадна на „Вестфален“ на Борусија Дортмунд, познат по својата препознатлива „Жолта ѕидина“.
Во топ 10 се најдоа и стадионите на Милвол, Раџа Казабланка, Ал Ахли и Замалек, Легија Варшава и Динамо Загреб, чиј „Максимир“ ја заокружува листата на десеттото место. Со ова рангирање, Марaкана добива уште едно меѓународно признание за атмосферата што ја создаваат нејзините навивачи, позиционирајќи се пред некои од најкултните фудбалски стадиони во Европа.
Топ 10 според „Газета дело Спорт“:
Ла Бомбонера – Бока Јуниорс
Рајко Митиќ – Црвена звезда
Де Кајп – Феенорд
Али Сами Јен – Галатасарај
Ден – Милвол
Вестфален – Борусија Дортмунд
Мохамед V – Раџа Казабланка
Меѓународен стадион во Каиро – Ал Ахли и Замалек
Стадион на Легија – Легија Варшава
Максимир – Динамо Загреб

