Меѓународен фудбал Фудбал

Пристигнувањето на Џон Стоунс носи продажба на Бисек или Бастони!

Италијанскиот гигант Интер постигна договор со искусниот англиски дефанзивец Џон Стоунс. По истекот на договорот со Манчестер Сити, тој во четврток пристигнува на лекарски прегледи и потпис.

Тренерот Кристијан Киву го чека и расплетот за Кристијан Ромеро од Тотенхем за комплетно да ја затвори одбраната. За Стоунс се интересираа и Баерн и Арсенал, но тој одлучи за првпат да заигра надвор од Островот.

Доколку се реализира и трансферот на Ромеро, Интер ќе мора да го продаде еден од актуелните дефанзивци. Клубот веќе ги има на располагање Бисек, Павар, Аканџи, Бастони и Карлос Аугусто.

Јан Орел Бисек и Алесандро Бастони се исклучително барани на пазарот. Реално е да се очекува еден од нив да го напушти Милано до крајот на преодниот рок.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.