Меѓународен фудбал Фудбал

Претседателот на Трабзонспор откри дали Салах доаѓа во клубот!

Трабзонспор официјално ги демантираше шпекулациите дека е блиску до ангажман на египетската ѕвезда Мохамед Салах. Во последните денови медиумите објавија дека турскиот клуб е пред сензационален трансфер, па дури и дека договорот веќе е постигнат. Претседателот на клубот, Ертугрул Доган, категорично ги отфрли ваквите информации и истакна дека во моментов не постои никаков договор со поранешниот фудбалер на Ливерпул.

„Нема никаков договор. Исто така, не постои план Салах да дојде во Трабзон. Доколку имаше нешто конкретно, клубот прв ќе ја информираше јавноста. Во моментов нема ништо од тоа“, изјави Доган.

Тој призна дека секој клуб би посакал во своите редови да има фудбалер од калибарот на Салах, но нагласи дека желбите и реалноста не се секогаш исто.

„Салах е врвен професионалец и еден од најдобрите фудбалери во светот. Секако дека секој би сакал да го има во својот тим, но тоа е сосема друга приказна. Повторувам, нема никаков договор“, додаде првиот човек на Трабзонспор.

На прашањето дали лично разговарал со египетскиот ас, Доган избегна конкретен одговор, истакнувајќи дека клубот ќе ги извести навивачите доколку во иднина има каков било развој на настаните. Засега, трансферот на Салах во Трабзонспор останува само медиумска шпекулација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.