Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Претседателот на Парагвај прогласи државен празник по елиминацијата на Германија

Фудбалската репрезентација на Парагвај направи вистинска сензација со пласманот во осминафиналето на Светското првенство. По елиминацијата на моќната Германија, целата јужноамериканска нација доби неверојатен подарок.

Претседателот на државата, Сантијаго Пења, експресно го прогласи денешниот 30 јуни за нов државен празник. „Парагвај никогаш не се откажува! Државен празник, по ѓаволите!“, емотивно напиша претседателот Пења на социјалната мрежа Икс.

Големата мундијалска драма заврши со резултат 1:1 по регуларниот дел и продолженијата во Бостон. Сепак, Парагвајците покажаа челични нерви и славеа по подоброто изведување пенали со вкупни 4:3.

Според тамошните закони, извршната власт има право да прогласи три дополнителни празници годишно. Претседателот Пења и претходно ја искористи оваа интересна можност за да го награди народот. Во септември минатата година беше прогласен празник за самиот пласман на Мундијалот.

Во следната елиминациска рунда, Парагвај ќе ги одмери силите со подобриот од вечерашниот дуел меѓу Франција и Шведска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.