Навивачите во Еквадор добија фантастичен увод во Светското првенство, и тоа директно од државниот врв. Додека нивната репрезентација сè уште го чека својот прв излез на теренот, претседателот Даниел Нобоа донесе одлука која веднаш стана хит на социјалните мрежи, привремено се укинува данокот на пиво и на сите пијалаци со низок процент на алкохол.
Оваа даночна олеснување ќе важи во текот на целиот шампионат, поточно до 19 јули, што во пракса значи дека цената на пивото во продавниците и локалите паѓа за околу 20 проценти. Нобоа се обрати до јавноста облечен во националниот дрес и порача дека целта е на граѓаните да им се овозможи поубаво мундијалско уживање, со оглед на тоа што во Еквадор натпреварите традиционално се гледаат во големи друштва со семејството и пријателите. Еквадорците својата мундијалска авантура ја започнуваат в недела навечер против Брегот на Слоновата Коска, а во групата Е ќе ги одмерат силите и со селекциите на Курасао и Германија.

