Меѓународен фудбал Фудбал

Пред неколку години правеше сендвичи, денес игра во Лигата на шампионите!

Животната приказна на напаѓачот на Мјалби, Јакоб Бергстром, е една од најинспиративните во европскиот фудбал. Денес настапува во квалификациите за Лигата на шампионите, а пред само неколку години работел во „Сабвеј“ за да обезбеди дополнителни приходи, бидејќи фудбалот не му бил доволен за живот. Бергстром никогаш не минал низ позната фудбалска академија и до својата 24. година не бил професионален играч. Кариерата ја градел чекор по чекор, а упорноста на крајот му донесе место меѓу најдобрите. Со Мјалби ја освои првата шампионска титула и првиот Куп на Шведска во клупската историја, а дебито во Лигата на шампионите го зачини и со погодок.

И покрај големиот успех, 31-годишниот напаѓач останал верен на својот скромен начин на живот. На тренинзи и натпревари сè уште оди со велосипед, а живее во малото крајбрежно место Халевик, каде е сместен и клубот. Локалните навивачи го сметаат за симбол на Мјалби и за човек кој најдобро ја претставува борбеноста и скромноста на клубот. Сега шведскиот шампион го очекува двомеч против Слован Братислава во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Без разлика на исходот, Мјалби веќе обезбеди најмалку настап во Конференциската лига, но Бергстром и неговите соиграчи сонуваат да ја продолжат бајката и да направат уште еден историски исчекор на европската сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.