Меѓународен фудбал Фудбал

Празни трибини за Селтик и Ренџерс по хаосот на „Ајброкс“!

Селтик и Ренџерс добија сериозни казни по инцидентите што се случија по нивниот четвртфинален натпревар во Купот на Шкотска во март. Двата големи ривали од Глазгов ќе мораат следниот домашен натпревар во Купот да го одиграат без присуство на навивачи. Дополнително, двата клуба се казнети со по 100.000 фунти, кои ќе бидат исплатени како компензација на нивните следни противници во натпреварувањето.

По драматичниот меч на „Ајброкс“, кој Селтик го доби со 4:2 на пенали, дел од навивачите влегоа на теренот, а беа фрлани и сигнални ракети. Тоа доведе до дисциплинска постапка и нови безбедносни мерки. Од Селтик ја оценија казната како непропорционална, нагласувајќи дека клубот не го оправдува влегувањето на терен, но смета дека требало да се земат предвид околностите и фактот дека тие биле гостински тим.

Доколку има нови инциденти во Купот до крајот на сезоната 2027/28, на двата клуба ќе им биде активирана и дополнителна казна од еден натпревар без публика. Селтик и Ренџерс во јануари ќе се приклучат во Купот од четвртото коло. Во меѓувреме, двата тима имаа разочарувачка европска недела – Селтик испадна од квалификациите за Лигата на шампионите, додека Ренџерс остана без европски фудбал по елиминацијата од Јаблонец.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.