Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Познати судиите за европскиот двомеч меѓу Вардар и КуПС!

Вардар ги брои деновите до стартот на европската сезона, каде што ќе има тежок предизвик против финскиот КуПС во квалификациите. Во пресрет на двомечот, УЕФА ги објави и арбитрите кои ќе ја делат правдата на двата натпревари. Првиот дуел ќе се одигра на 7 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 19:00 часот. Главен судија ќе биде турскиот арбитар Кадир Саглам, а негови помошници ќе бидат сонародниците Анил Уста и Мехмет Салих Мазлум.

Реваншот е закажан за 14 јули во Финска, каде правдата ќе ја дели шкотска судиска екипа. Главен арбитар ќе биде Метју МекДермид, а покрај него ќе судат и асистентите Кристофер Рае и Даглас Потер. „Црвено-црните“ ќе се обидат да обезбедат позитивен резултат во Скопје пред гостувањето кај финскиот претставник и да направат чекор кон следната квалификациска рунда.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.