Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Познати стартните состави за дуелот Канада – Босна и Херцеговина!

Вечерва во Торонто, со натпреварот од 1. коло во групата Б, официјално започнува возбудата на Светското првенство за селекциите на Канада и Босна и Херцеговина. Како домаќин, Канада ќе има огромна поддршка, додека за БиХ ова е големо враќање на најголемата фудбалска сцена каде веднаш ќе го тестира својот квалитет.

И двајцата селектори се соочија со одредени кадровски проблеми пред овој дуел. Најголемиот хендикеп за Канаѓаните е отсуството на нивната прва ѕвезда Алфонсо Дејвис. Од друга страна, босанскиот стратег Сергеј Барбарез исто така мораше да прави тактички комбинации со тимот.

Натпреварот започнува во 21:00 часот, а ова се официјалните почетни единаесет за кои се решија предводниците на двете репрезентации:

Официјални стартни состави:

  • Канада: Крепо, Џонстон, Де Фужерол, Корнелиус, Лариеа, Еустакио, Коне, Милар, Давид, Олувасеји, Бјукенен.

  • Босна и Херцеговина: Васиљ, Мухаремовиќ, Колашинац, Дедиќ, Катиќ, Тахировиќ, Башиќ, Мемиќ, Демировиќ, Бајрактаревиќ, Лукиќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.