Меѓународен фудбал Фудбал

Познати патниците во групната фаза од Лигата на шампионите

АЕК, Фенербахче, Викинг и Слован Братислава се пласираа во Лигата на шампионите. АЕК приреди вистинска фудбалска лекција за Левски и со убедливи 4-0 во Атина го завери пласманот во елитното европско натпреварување. По ремито без голови во Софија, Грците експлодираа на домашен терен. Лука Јовиќ во седмата минута го отвори резултатот, а Барнабаш Варга во 12. и 29. минута практично го реши победникот.

Конечниот удар за гостите дојде во 55. минута, кога Разван Марин беше прецизен од белата точка за убедливи 4-0. Тимот на Никола Серафимов ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа.

Во Лигата на шампионите ќе игра и Викинг, кој на домашен терен го совлада Динамо Загреб со 3-1 и со вкупни 5-3 го елиминира хрватскиот шампион. „Модрите“ поведоа во 10. минута преку Арбер Хоџа, но радоста траеше само осум минути. Златко Трипиќ израмни од пенал, а во второто полувреме Едвин Аустбо и Тобијас Мо го комплетираа пресвртот.

Динамо по елиминацијата ќе продолжи во Лигата на Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.