Селекторот на Канада, Џеси Марш, го објави конечниот список од 26 фудбалери на кои ќе смета за претстојното Светско првенство. Во споредба со претходниот Мундијал, оваа селекција е значително подмладена и во неа ги нема искусните Милан Борјан и Атиба Хатчинсон.
Сепак, најголеми ѕвезди во тимот остануваат Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, како и одличниот напаѓач на Јувентус, Џонатан Дејвид. За балканската јавност најинтересни се дефанзивецот Дерек Корнелиус, поранешен член на Јавор, како и бекот на Хајдук, Нико Сигур.
Канаѓаните на претстојниот шампионат ќе играат во рамките на групата Б заедно со селекциите на Босна и Херцеговина, Катар и Швајцарија.
Комплетниот список на репрезентацијата на Канада за Светското првенство:
Голмани: Дејн Сент Клер (Интер Мајами), Максим Крепо (Орландо Сити), Овен Гудмен (Барнсли).
Одбрана: Алистер Џонсон (Селтик), Лук Де Фужрол (Дендер), Алфи Џонс (Мидлсбро), Џоел Вотермен (Чикаго Фајр), Дерек Корнелиус (Ренџерс), Моис Бомбито (Ница), Алфонсо Дејвис (Баерн), Ричи Лареја (Торонто), Нико Сигур (Хајдук Сплит).
Везен ред: Матје Шуанер (Лос Анџелес), Стефен Еустакио (Лос Анџелес), Исмаел Коне (Сасуоло), Лиам Милар (Хал Сити), Џејкоб Шафелбург (Лос Анџелес), Таџон Бјукенон (Вилјареал), Али Ахмед (Норич), Џонатан Осорио (Торонто), Нејтан Салиба (Андерлехт), Марсело Флорес (Тигрес).
Напад: Кајл Ларин (Саутемптон), Џонатан Дејвид (Јувентус), Тани Олувајеси (Вилјареал), Промес Дејвид (Унион Сен Жилоаз).

