Други спортови Тенис

Познат распоредот за првиот ден на УС Опен, Ѓоковиќ стартува против Навоне

Последниот Гренд слем турнир во сезоната, УС Опен, започнува во недела во Њујорк, а љубителите на тенисот уште на стартот ќе имаат можност да го гледаат Новак Ѓоковиќ. Најтрофејниот тенисер во историјата својот настап во Њујорк ќе го започне на 30 август, кога за противник ќе го има Аргентинецот Маријано Навоне, моментално 44. тенисер на АТП-листата.

Навоне важи за борбен и незгоден противник, особено на земјена подлога, но Ѓоковиќ во овој дуел влегува како голем фаворит. Српскиот ас ќе се обиде со победа да го започне патот кон уште еден Гренд слем трофеј. Еден од главните кандидати за титулата, Карлос Алкараз, својот настап ќе го започне во понеделник. За Шпанецот ова ќе биде особено интересен турнир, бидејќи се враќа на теренот по повеќемесечна пауза. УС Опен уште од првите денови ветува интересни пресметки, но во центарот на вниманието на македонската и регионалната јавност секако ќе биде Ѓоковиќ, кој повторно ќе атакува на највисоките дострели во Њујорк.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.