Ракометниот клуб Вардар 1961 денеска го дозна распоредот за одигрување на четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа против францускиот состав Монпеље.
Првиот натпревар ќе се одигра во Франција на 28 април со почеток во 20:45 часот во „ФДИ Арена“, додека реваншот во Скопје е закажан за 5 мај со почеток во 20:45 часот.
Во наредниот период, Вардар има тежок распоред, каде освен со Монпелје треба да се сретне и со тимот на Алкалоид, но и во дерби дуелот против Еурофарм Пелистер.

