Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија Светски првенства

Познат распоредот на Македонија за СП 2027

Македонската ракометна репрезентација го дозна распоредот за настапот на Светското првенство 2027, откако Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави термините за натпреварите од групната фаза.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, ќе играат во групата Х во Магдебург, каде за противници ќе ги имаат селекциите на Јапонија, Бахреин и Исланд. Натпреварите ќе се одиграат во „ГЕТЕК Арена“.

Македонија турнирот ќе го отвори на 15 јануари против Јапонија од 18:00 часот, а два дена подоцна во истиот термин ќе се соочи со Бахреин. Најголемиот предизвик во групата ќе следува на 19 јануари, кога нашата селекција ќе игра против Исланд со почеток од 20:30 часот.

Трите најдобропласирани репрезентации од групата ќе обезбедат место во главната рунда, додека последнопласираниот тим ќе го заврши настапот по првата фаза од шампионатот.

Распоред на натпреварите на Македонија:

  • 15 јануари: Македонија – Јапонија (18:00)
  • 17 јануари: Македонија – Бахреин (18:00)
  • 19 јануари: Исланд – Македонија (20:30)
Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.