Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Познат е патот, еве што ги чека Шкендија, Силекс и Вардар во следната фаза на УЕФА!

Иако допрва треба да ги одиграат воведните мечеви во Конференциската лига на УЕФА, македонските претставници веќе ја имаат мапата за второто квалификациско коло.

Шкендија ја има улогата на фаворит против гибралтарска Европа, а доколку ја оправда, во следната рунда ќе ги одмери силите со словенечкиот состав Браво, каде првиот меч би го играла на гости. Силекс го чека далеку потежок испит против Динамо Минск, а евентуален триумф над Белорусите ќе им донесе привлечно патување во Азербејџан кај Нефчи.

Во ова натпреварување може да се пресели и Вардар, но само доколку доживее елиминација од фински КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите. Доколку се случи тоа, „црвено-црните“ европскиот пат ќе го продолжат на домашен терен против подобриот од дуелот меѓу Арарат (Ерменија) и Рига (Летонија).

Дуелите од втората квалификациска рунда се закажани за 23 и 30 јули.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.