Македонски фудбал Фудбал

Повторно одложување во ВМФЛ, Работнички – Брера нема да се одигра

Натпреварот меѓу Работнички и Брера, кој требаше да се одигра во рамките на петтото коло во ВМФЛ, нема да се одигра според првично предвидениот распоред.

Дуелот закажан за сабота е одложен поради настапот на струмичкиот клуб во младинската Лига на шампиони, а новиот термин ќе биде дополнително утврден.

Брера по четири одиграни натпревари се наоѓа на врвот на табелата со 10 освоени бодови, додека Работнички моментно е седмопласиран со шест бода. Сепак, тимот од Дебар Маало има одиграно само три средби.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.