Меѓународен фудбал Фудбал

Повредите му задаваат главоболки на Зидан, Чуамени е најновиот проблем за Франција

Фудбалската репрезентација на Франција се соочува со сериозни кадровски проблеми пред претстојните натпревари во Лигата на нации. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, заработил повреда на препоните за време на тренингот во вторникот и морал предвреме да го напушти собирот.

Според француските медиуми, прегледите треба да ја утврдат сериозноста на повредата, но неговото отсуство од дуелите со Италија и Турција веќе се најавува како извесно. Ова е дополнителен проблем за селекторот Зинедин Зидан, особено ако се знае дека Чуамени ги пропушти и претходните репрезентативни собири, па се очекуваше конечно да добие можност за настап под негово водство.

Франција претходно остана и без Пјер Калулу и Маркус Тирам, поради што Зидан во краток период загуби тројца фудбалери. На нивно место беа повикани Сеал Кумбеди од Волфсбург и Ели Жуниор Крупи од Борнмут. Французите во четврток ја пречекуваат Италија, додека во недела ги очекува гостување против Турција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.