Меѓународен фудбал Фудбал

Повредата го спречи Мартинез да замине во Јувентус, следува тримесечна пауза

Емилијано Мартинез нема да ја продолжи кариерата во Јувентус, а причината за пропаднатиот трансфер е неговата повреда на раката. Иако првично се сметаше дека финансиските услови се најголемата пречка, ситуацијата е поинаква. Аргентинскиот голман има скршен прст и ќе мора да се подложи на операција. Поради повредата го очекува пауза од околу три месеци, што било доволно Јувентус да се откаже од ангажманот на 33-годишниот чувар на мрежата.

Мартинез сега ќе мора да се фокусира на опоравувањето, додека Астон Вила експресно реагираше на новонастанатата ситуација. Англискиот клуб го ангажираше Зион Сузуки од Парма, кој треба да биде алтернатива на голманската позиција додека Мартинез се рехабилитира.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.