Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија донесе низа одлуки и санкции по разгледувањето на инцидентите и записниците од изминатото коло во домашното првенство.
Најдебелиот крај го извлече Комет администраторот на Шкендија Арачиново, Исуф Бајрами, кој заработи драстична казна, забрана за вршење каква било функција во траење од шест месеци. Санкцијата доаѓа поради неспортски, вулгарен и понижувачки однос, како и директен вербален напад врз судиската тројка на пресметката против Вардар. На истиот тој натпревар потфрли и организацијата, па против скопски Вардар е исто така поведена дисциплинска постапка поради пречекорување на дозволениот број лица во ВИП-ложата.
Под дисциплинска лупа се најде и штипска Брегалница поради користење пиротехнички средства од страна на нејзините навивачи на дуелот против Скопје.
Што се однесува до индивидуалните казнети фудбалери, играчот на Арсими, Муслими Мухарем, ќе одмори еден натпревар поради заработениот црвен картон изминатиот викенд, додека Дамјан Масевски од редовите на Охрид доби ригорозна суспензија и ќе мора да ги пропушти следните четири првенствени меча.

