Меѓународен фудбал Фудбал

Последниот тренинг на Меси со Аргентина, сите погледи кон капитенот!

Лионел Меси го одработи последниот тренинг со репрезентацијата на Аргентина пред натпреварот со Бенин, кој ќе има посебно значење за една од најголемите фудбалски икони на денешницата. Меси по последниот тренинг сподели емотивна порака на социјалните мрежи, навестувајќи дека ваквите моменти со националниот тим наскоро би можеле да станат дел од минатото.

„Специјални моменти кои сигурно ќе ми недостигаат“, напиша аргентинската суперѕвезда.

Неговите репрезентативни соиграчи исто така не го криеја значењето на моментот. Голем дел од нив објавија фотографии од заедничкиот тренинг и испратија пораки до капитенот, со што дополнително ја нагласија посебната атмосфера во аргентинскиот табор. Посебно внимание привлече и неговата сопруга Антонела, која ја покажа дресот со кој Меси ќе настапи на претстојниот натпревар.

Токму дуелот со Бенин ќе биде посебен за Меси, бидејќи е предвиден како негов бенефис со аргентинската репрезентација. Натпреварот е закажан за 7 октомври од 02:00 часот по македонско време. За Меси, секој нов настап во дресот на светскиот шампион има дополнителна тежина. По години исполнети со историски трофеи, рекорди и незаборавни моменти со Аргентина, капитенот сега се наоѓа пред уште еден момент кој би можел да означи крај на една од најзначајните репрезентативни приказни во историјата на фудбалот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.