Францускиот ас Нандо Де Коло, најави дека ја игра својата последна професионална сезона. 38-годишниот кошаркар изјави дека за ваквата одлука размислува уште од почетокот на сезоната и дека веќе во својата глава тој ја донел одлуката.
Де Коло е дел од екипата на Фенербахче, во која пристигна од Асвел, за да се обиде да ја круниса својата богата кариера со уште еден трофеј во Евролигата.
Тој веќе предходно ја освојуваше титулата во Евролигата два пати, со екипата на ЦСКА Москва, а беше прогласен и за МВП на лигата.
Во својата долга кариера тој настапуваше за Соле, Валенсија, Сан Антонио Спарс, Торонто Репторс, ЦСКА Москва, Фенербахче и на Асвел.

