Други спортови Одбојка

Португалија ги згасна осминафиналните надежи на македонските одбојкари!

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во групната фаза на Европското првенство 2026, откако во директната пресметка за пласман во осминафиналето загуби убедливо од Португалија со 0:3 (13:25, 20:25, 20:25).

Во арената „8888“ во Софија, португалските одбојкари целосно ја диктираа играта уште од самиот почеток. Противникот демонистрираше комплетна доминација во првиот сет и го освои со убедливи 25:13, користејќи ги сите грешки во нашиот прием и напад. Во следните два сета македонските одбојкари пружија нешто поцврст отпор, но тоа не беше доволно за да се наруши ритамот на Португалците, кои рутински ги приведоа двата периода со идентични 25:20 за заслужена победа.

Со овој неуспех, Македонија останува без освоен сет против Португалија и го претрпе четвртиот пораз во исто толку меѓусебни дуели со овој ривал. И покрај силниот оптимизам пред почетокот на шампионатот, за македонските одбојкари ова значи и официјален крај на шансите за премин во нокаут-фазата на европскиот собир.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.