Меѓународен фудбал Фудбал

Порто го освои Суперкупот на Португалија со минимална победа

Порто ја започна новата сезона со освоен трофеј, откако во финалето на Суперкупот на Португалија го совлада Торенсе со минимални 1:0 и ја збогати својата богата клупска ризница со уште едно одличје. Решавачкиот момент се случи во 38. минута, кога младиот дански фудбалер Виктор Фрохолт одлично реагираше по центаршутот на Пепе и со прецизен удар со глава ја испрати топката во мрежата за конечни 1:0.

Торенсе, кој минатата сезона приреди голема сензација освојувајќи го Купот на Португалија по триумфот над Спортинг во финалето, не успеа да направи уште едно изненадување против фаворизираниот ривал. За Порто ова е јубилеен 25-ти трофеј во португалскиот Суперкуп, со што уште еднаш ја потврди својата доминација во ова натпреварување.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.