Кошарка Меѓународна кошарка

Портланд во Плеј-оф, Шарлот поуспешен од Мајами

Вечерва почна Плеј-ин турнирот во НБА лигата, каде осум екипи ќе се борат за преостанатите четири позиции кои водат во Плеј-оф фазата. Прв својата задача ја заврши Портланд, славејќи победа на гостувањето кај Феникс Санс (110:114), осигурувајќи ја така седмата позиција која во Плеј-оф фазата ги води на мегдан со Сан Антонио. Авдија беше одличен и го предводеше Портланд до победата со 41 поен и 12 асистенции.

Феникс ќе има уште една шанса за да избори пласман во следната фаза, но ќе треба да биде поуспешен од победникот во натпреварот меѓу ЛА Клиперс и Голден Стејт.

Во вториот натпревар вечерва Шарлот после продолжението, славеше минимална победа пред своја публика над Мајами со 128:127. Ова е крај за Мајами сезонава во НБА лигата, додека Шарлот го чека уште еден натпревар во кој ќе се сретне со поразениот од дуелот меѓу Филаделфија и Орландо. Во редовите на Шарлот најпрецизен беше Ламело Бол со 30 поени, а го следеше Бриџис со 28 поени. Кај гостите од Мајами најдобар беше Мичел со 28 поени, а еден помалку запиша Вигинс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести