Кошарка Меѓународна кошарка

Портланд Трејл ќе има нов сопственик

Портланд Трејл Блејзерс добива нови сопственици откако НБА ја одобри продажбата предводена од групацијата на Том Дандон, зделка која ќе чини повеќе од 4,25 милијарди долари. Се очекува продажбата да биде реализирана во две фази, првиот дел е планиран да се реализира веднаш, а остатокот до 2028 година. Клубот засега нема да ја промени локацијата, но пред нив ќе биде исклучително тежок период по слабите изданија во лигата во последните неколку сезони.

Во новата структура освен приватни инвеститори се очекува да биде вклучена и државата Орегон, која би имала важен фактор. Дополнително, властите веќе подготвуваат план за реновирање на салата во вредност од стотици милиони долари, се со цел да се модернизира веќе постоечкиот објект.

Тимот во моментов се бори за пласман во плејофот преку плеј-ин турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести