Николас Отаменди официјално стави крај на својата репрезентативна кариера, со што заврши едно успешно 17-годишно поглавје во дресот на Аргентина. Искусниот дефанзивец ја соопшти одлуката преку социјалните мрежи, неколку дена по поразот на „гаучосите“ од Шпанија во финалето на Светското првенство. Токму тој натпревар беше негов последен во националниот дрес.
„Денес ги пишувам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар да биде финале на Светско првенство. Не го добивме резултатот што го посакувавме, но заминувам со крената глава, горд на сè што постигнавме. Благодарам, Аргентина, што ми овозможи да го остварам сонот и да станам светски шампион“, порача Отаменди.
Триесет и осумгодишниот стопер одигра 139 натпревари за аргентинската репрезентација и беше дел од генерацијата која ја освои светската титула во 2022 година, како и два трофеи во Копа Америка. По завршувањето на европската кариера, во која настапуваше за Порто, Валенсија, Манчестер Сити и Бенфика, Отаменди неодамна потпиша за аргентинскиот гигант Ривер Плата, каде што ќе ја продолжи клупската кариера.
🚨🇦🇷 Breaking: Nicolás Otamendi RETIRES from international football and will not play for Argentina anymore. pic.twitter.com/YLNBQwyEgd
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 23, 2026

