Кошарка Меѓународна кошарка

Поранешното НБА-крило Џони Џузанг е ново засилување за Фенербахче!

Фенербахче продолжува да го гради тимот за новата сезона во Евролигата. Истанбулскиот гигант официјално го потврди доаѓањето на Џони Џузанг, кој потпиша едногодишен договор со тимот на Шарунас Јасикевичиус.

Американскиот кошаркар пристигнува во Турција по епизодата во руски Зенит. Тој ќе донесе дополнителна нападачка разновидност на бековските позиции и на позицијата ниско крило.

Џузанг зад себе има богато искуство од Најсилната лига во светот. По колеџ кариерата, тој мина три сезони во Јута Џез, а подоцна носеше и дрес на Минесота Тимбервулвс.

Најдобрата НБА-сезона ја имаше во 2024/25, кога за Јута бележеше во просек по 8,9 поени и речиси три скока по натпревар. Неговото пристигнување носи дополнителен квалитет и прецизен шут надвор од линијата за три поени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.