Меѓународен фудбал Фудбал

Поранешниот стратег на Ливерпул би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија!

Арне Слот би можел наскоро да се врати на тренерската работа, а неговата следна дестинација би можела да биде Саудиска Арабија. Според информациите на „talkSPORT“, поранешниот менаџер на Ливерпул е меѓу главните кандидати за преземање на клупата на Ал Ахли. Саудискиот клуб е во потрага по нов тренер бидејќи актуелниот стратег Матијас Јајсле е пред преселба во англиската Премиер лига, каде што се очекува да го наследи Еди Хау во Њукасл.

Слот е без ангажман од мај, кога ја заврши својата етапа во Ливерпул. Во меѓувреме одби понуда од Фулам, а неговото име се поврзуваше и со Милан, како и со селекторската функција во репрезентацијата на Холандија. Иако Ал Ахли разгледува повеќе кандидати за испразнетото тренерско место, холандскиот стручњак останува едно од најзвучните имиња на листата и би можел да ја продолжи кариерата во амбициозниот проект на саудискиот клуб.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.