Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Поранешниот селектор Јончевски доби нов ангажман во Косово

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, има нов тренерски ангажман. Македонскиот стратег е назначен за нов предводник на косовскиот Влазними од Ѓаковица. Јончевски зад себе има богато домашно и меѓународно искуство. Во Македонија работеше во МЗТ Скопје, Работнички, Кожув и Гостивар, а со МЗТ во сезоната 2015/16 успеа да ја освои двојната круна, шампионската титула и Купот на Македонија.

На меѓународната сцена работеше во Спартак Суботица, Трепча и Башкими, а искуство стекна и во Полска со Шљонск Вроцлав и во Унгарија со Атомерому, каде што последно беше ангажиран. Јончевски беше селектор на Македонија од 2021 до 2025 година, период во кој ја предводеше репрезентацијата и во квалификациите за Европското првенство. Сега го очекува нов предизвик во Косово, каде што ќе има задача да го предводи Влазними во новата сезона и да продолжи со градењето на својата интернационална тренерска кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.