Македонски фудбал Фудбал

Поранешниот репрезентативец Брдаровски и Србинот Гордиќ се нови членови на ФК Скопје!

ФК Скопје продолжува со засилување на тимот за претстојните предизвици, официјализирајќи две нови имиња во своите редови. Тимот од Автокоманда ја засили дефанзивата со искусниот поранешен македонски репрезентативец Владица Брдаровски, додека офанзивната линија добива физичка моќ и реализаторско искуство со српскиот напаѓач Милош Гордиќ.

Пристигнувањето на Брдаровски носи огромна стабилност, дефанзивен квалитет и лидерски карактер во тимот. Искусниот десен бек зад себе има богата кариера исполнета со трофеи и настапи за најголемите домашни клубови, Вардар, Шкупи, Работнички и Пелистер, а оствари и сериозни интернационални епизоди во чешки Брно, унгарски Ѓер и косовска Дрита. Неговото долгогодишно искуство од европските купови и репрезентацијата ќе биде од непроценливо значење за дефанзивната линија на скопскиот тим.

На спротивната страна од теренот, нападoт ќе го предводи 33-годишниот снажен центарфор Милош Гордиќ. Српскиот интернационалец во кариерата го носеше дресот на Нови Пазар, а во Скопје пристигнува по авантурата во Индија, каде што настапуваше за Намдхари. Гордиќ важи за фудбалер кој е извонредно силен во дуел-играта и скокот, а раководството од него очекува да го подигне реализаторското ниво и да го донесе потребниот победнички менталитет во завршницата од нападите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.