Меѓународен фудбал Фудбал

Поранешниот хрватски селектор ја откри следната дестинација во кариерата!

Поранешниот селектор на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, откри дека наскоро ќе се врати на тренерската работа, но јасно стави до знаење дека неговата иднина не е поврзана со клупскиот фудбал. Во интервју за хрватските медиуми, искусниот стратег изјави дека сака повторно да предводи национален тим и дека веќе добил голем број понуди од различни земји. Според него, конечната одлука ќе ја донесе во скоро време, бидејќи планира новиот ангажман да го започне уште на почетокот на есента.

Далиќ посочи дека најреална опција во моментов е преземање на една азиска репрезентација, но засега не сакаше да открие за која земја станува збор.

„Работа во клуб не доаѓа предвид. Сакам повторно да бидам селектор. Имав многу понуди, а најверојатно мојата следна дестинација ќе биде Азија. Наскоро ќе ја донесам конечната одлука“, порача Далиќ.

Пред официјално да го започне новиот предизвик, поранешниот селектор на „коцкестите“ ќе одмора во Далмација, а не ја исклучи можноста токму таму да ја соопшти одлуката за својата следна тренерска станица.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.