Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Пополноќен фудбалски спектакл: Тексас и Санта Клара домаќини на директни елиминациски битки!

Вистинскиот мундијалски крем и најголемите возбудувања за спортските фанови доаѓаат по полноќ, кога ќе се одиграат клучните натпревари во групите Ф и Д. Сè започнува во 01:00 часот по полноќ со групата Ф, каде Холандија е во чиста пол позиција за врвот бидејќи за противник го има десеткуваниот Тунис, кој во првите две кола прими дури девет гола. Вистинскиот спектакл и директна битка за второто место ќе се игра во Тексас, каде силите ќе ги одмерат Јапонија и Шведска. „Сините самураи“ важат за фаворити по импресивното реми со Холанѓаните, додека Скандинавците ќе мора експресно да ги зацелат раните по претрпената катастрофа од 5-1.

Драмата кулминира во 04:00 часот наутро со пресметките во групата Д. Домаќинот САД веќе си обезбеди пласман од лидерската позиција и рутински ќе го одработи натпреварот против Турција, која по двата порази веќе ги пакува куферите за дома. Затоа, во Санта Клара се очекува максимална битка во дуелот меѓу Австралија и Парагвај. Двете селекции имаат по три бода кои ги освоија со триумфи над Турците, па овој судир има карактер на класично финале, победникот патува во следната фаза, а за поразениот најверојатно завршува мундијалскиот сон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.