Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

ПОЛУВРЕМЕ: Вардар прв поведе, но не издржа… Рига води 1-2! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Вардар и Рига во рамките на второто квалификациско коло од Конференциската лига одиграа возбудливо прво полувреме со три постигнати голови. Подобри беа гостите, но и по конкретни. Вардарци имаа свои прилики, но не ги искористија. Екипата на Рига ја имаше првата прилика на мечот преку Бадамоси 11 минута, кој по нафрлена топка од левата страна шутираше високо над голот. Ова беше прва прилика на натпреварот за Рига, но и воопшто на натпреварот.

Две минути подоцна, во 13 минута, гостите повторно се заканија, се тресеше голот на Талески, откако играчот Ауани испрати прецизен центаршут од десната страна до Гало кој од пет метри успеа да ја погоди само пречката.

Вардар веднаш во првата прилика, 28′ минута го отвори натпреварот, откако Диего Кастанеда од левата страна силно и презицно биеше под пречката за 1-0. Кратко траеше радоста на црвено-црните откако, по центаршутот на Јурковскис, со глава биеше Гало, а топката несреќно мина низ рацете на голманот Талески за 1-1.

Рига продолжи го напаѓа голот на Вардар, а веќе четири минути подоцна успеаја да го постигнат и својот втор гол. На 20 метри од голот на Вардар, Родригез загуби топка која успешно ја искористија играчите на Рига и по центаршут од левата страна, во петерецот на домашниот состав, умешно се снајде Иако Сигуера за водство на гостите од 1-2 во 39’ минута.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.