Македонија се најде во негатива од два гола во дуелот со Швајцарија на Националната арена „Тодор Проески“. Гостите имаа подобар период во кој создадоа неколку опасни ситуации и успеаја да го материјализираат притисокот. Нашата репрезентација сега ќе мора да реагира и да побара начин за враќање во мечот.
Швајцарија поведе со 0-1 преку искусниот Ремо Фројлер. По центаршутот на Ндоје, Амдуни со глава ја спушти топката до Фројлер, кој одлично реагираше и го совлада Столе Димитриевски. Претходно гостите имаа уште неколку шанси пред голот на македонскиот капитен, па по серијата напади конечно стигнаа до водство.
Вториот гол беше дело на Амдуни во 41′ минута од натпреварот.




