Шкендија и Браво одиграа нерешено по првото полувреме (1-1) во еден борбен натпревар на двете страни. Уште на почетокот двете екипи наговестуваа отворена игра. По конкретни беа гостите, откако успеаја да поведат преку Станковиќ во 17′ минута, откако играчот упати силен удар од шеснаесетина метри под пречката, а голманот Амзаи беше немоќен.
Домаќините продолжија со нападите и со организирана игра, претежно по страничните позиции, а кулминација и израмнување имаше во 36′ минута откако гостинскиот играч Гашпер Јован, несреќно ја смести топката во својот гол, токму по нафрлена топка од левата страна.






