Македонски фудбал Фудбал

ПОЛУВРЕМЕ: Македонија одолеа на нападите на Босна, резултатот 0-0

Македонската фудбалска репрезентација ги одмерува силите со Босна и Херцеговина во рамките на пријателски контролен натпревар, тестирајќи ги своите тактички замисли пред претстојните официјални предизвици. По првите 45 минути на стадионот во Сараево, резултатот е почетниот (0-0), иако возбудувања пред двата гола воопшто не недостигаа.

Домаќините уште на самиот старт ја покажаа својата намера и сериозно се заканија веќе во 4′ минута. Алајбеговиќ се избори за простор и упати силен удар од околу дваесет метри, но по девијацијата од македонскиот блок, топката заврши во пречката на Столе Димитриевски. По првичниот шок, темпото малку опадна, па на следната сериозна возбуда се чекаше до 30′ минута. Повторно во главна улога беше Алајбеговиќ, кој навлезе опасно по левата страна и шутираше откосо, но нашиот чувар на мрежата со сигурна интервенција спречи водство на Босанците.

Само три минути подоцна, Македонија ја дочека својата најголема прилика во првиот дел. По кардинална грешка во босанската дефанзива, Бојан Миовски излезе „очи в очи“ со голманот Зломислиќ. Македонскиот напаѓач мајсторски го префрли противничкиот чувар, но кога сите ја видоа топката во мрежата, Радељиќ со пожртвуван лизгачки старт буквално од гол-линијата ја исфрли во поле. Притисокот на домаќините продолжи во финишот на полувремето. Во 37′ минута Гиговиќ упати „проектил“ од далечина, но Димитриевски беше одлично поставен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.