Други спортови Одбојка

Полска по голем пресврт ја освои одбојкарската Лига на нации!

Полска уште еднаш потврди дека е меѓу најсилните светски одбојкарски селекции. Во финале исполнето со неизвесност, пресврти и врвна игра, Полјаците покажаа шампионски карактер и стигнаа до трофејот во Лигата на нации. Во големото финале, полската репрезентација ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави со 3-2 во сетови (25-21, 23-25, 25-27, 25-23 и 15-10), откако успеа да се врати по негатива од 2-1 во сетови.

Американците одиграа одличен натпревар и беа на чекор до титулата, но Полска ја покажа својата класа во клучните моменти. Четвртиот сет донесе голема борба, која Полјаците ја добија со 25-23, по што во решавачкиот петти сет целосно ја презедоа контролата и заслужено стигнаа до златниот медал. Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Словенија ја совлада Јапонија со 3-1 во сетови и го освои бронзениот медал, ставајќи успешен крај на својот настап во овогодинешното издание на Лигата на нации.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.